Викендов внимавајте каде возите, ќе има посебен режим во Скопје

633

Поради одржување на најавениот собир во рамки на кампањата за референдумот, „Марш ЗА европска Македонија“, задутре во недела (16 септември) во Скопје, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, информираат од полицијата.

Утре (15 септември) од 13.30 часот на потегот од  улицата Кирил и Методиј пред  канцеларијата на Европска Унија ќе се поставува бина  при  што  сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот Кочо Рацин и улиците 11-ти Октомври, Даме Груев како и други споредни улици.

Задутре (16.09) пак, во периодот  од 12.30 часот, поради одржување на јавен собир, сообраќајот ќе биде пренасочен, односно забаранет за сообраќај ќе биде потегот од раскрсницата на булеварот Кочо Рацин со улицата Кирил и Методиј (поранешна Мито Хаџи Василев-Јасмин) до раскрсницата на оваа улица со булеварот Св. Климент Охридски. По потреба, сообраќајот ке биде пренасочен и на потегот од булеварите Партизански Одреди, Крсте Мисирков, Кузман Јосифоски-Питу и Борис Трајковски.

Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полицајците и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...