Визита од уролог двапати месечно во Делчево и Македонска Каменица, се бара ортопед

Уролог веќе почна да работи. Во Македонска Каменица ги посетува пациентите еднаш во месецот, додека во Делчево двапати во месецот. Во преговори сме со ортопед да почне да пружа услуга во двете здравствени установи - истакна Глигоровска.

117
Во рамки на склучениот договор со Министерството за здравство, почнаа активностите со кои е предвидено уролог двапати месечно да ги посетува пациентите во Делчево. Освен ова, како што информираше директорката на Здравствен дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска согласно договорот, уролог од Штипската клиничка болница, еднаш месечно ќе ги посетува и пациентите од Македонска Каменица.
Глигоровска додаде дека се прават напори да се обезбеди и услугата од ортопед.

– Уролог веќе почна да работи. Во Македонска Каменица ги посетува пациентите еднаш во месецот, додека во Делчево двапати во месецот. Во преговори сме со ортопед да почне да пружа услуга во двете здравствени установи. Направивме договор, има некои ситни проблеми околу неговото доаѓање кои, се надевам, ќе ги решиме. Се работи за доктор Шишков, кој има работено со овдешните пациенти. Се надевам ќе ги изгладиме недоразбирањата кои ги имаме и ќе овозможиме населението од двете општини да ја добиваат услугата од ортопед во своите матични установи, истакна Глигоровска.

Освен на обезбедување на овие услуги за пациентите Глигоровска додаде дека се работеше и оспособување на парното греење во здравствената станица во Македонска Каменица.
– Тоа е стара амбуланта, цистерната беше стара, четириесет  и повеќе години. Направивме напор за да почне да работи парното. Ние сме благодарни на градоначалничката на Македонска Каменица која преговараше со Рудник Саса чија комплетна донација е парното греење, додаде Глигоровска.
Глигоровска додаде дека во план на реализација е и проширување на паркинг просторот пред делчевскиот здравствен дом, проект за кој има одобрување од градоначалникот на општината.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...