Фудбалерите на Хрватска предизвикаа вистинска еуфорија во татковината со пласманот во финалето на Светското првенство, а по победничкиот гол на Марио Манџукиќ емотивно реагираше и легендарниот хрватски коментатор Драго Чосиќ.
Хрватска за прв пат во својата историја ќе игра финале на фудбалски Мундијал.
Во борбата за трофејот, в недела, противник на Хрватите ќе им биде репрезентацијата на Франција.