Еквадорскиот рапер Дон Деј одлучи да сними спот на егзотична локација во Еквадор. Но, наместо прекрасни сцени, неговата камера забележа невидена трагедија.
Имено, додека раперот бил сврен со грб и снимал сцена за најновиот спот, неговиот тим присуствувал на стравотно самоубиство.
Како што пренесуваат светските медиуми, Карлос Понтун скокнал во смрт од водопадот Лагуна Салто де Оро.
Туристите кои присуствуваа на овој немил настан скокнаа да го извлечат од водата, но, за жал, му немаше спас.