Првото видео по несреќата која вчера се случи на автопатот Скопје- Тетово и на која се гледа како лежи возачот на автобусот ја објави порталот АКО.мк. Видеото било испратено до порталот од сведоци на кобната сообраќајка.
Луѓето кои се нашле случајно на местото на несреќата, првин не сфатиле што се случило, па тргнале да видат од каде доаѓа чадот што се гледа на видеото и што е тоа што паднало крај нив со силен трескот. Одејќи кон местото на трагедијата, наишле на човек ако лежи на асфалтот, потоа дознале дека е тоа возачот на автобусот, пишува порталот.
Според кажувањето на сведоци на несреќата кои први се нашле на местото на настанот, глетката била потресна, бидејќи дел од загинатите останале без делови од своите тела.
Фото: EPA/Frosina Novakovic