Видео играта која треба да биде промовирана на 6 јуни предивика гнев и бес во Америка, пишува Newsweek.
Станува збор за ФПС-У(Прв личен убиец -) во која меѓу останатото ќе може да бидете во улога на напаѓач во училиште. Играта е именувана Активен пукач и ќе биде достапна преку онлајн платформа за купување Steam, пренесува хрватски Индекс.
Ваша цел ќе биде или да го неутрализирате напаѓачот или самиот да бидете напаѓач – стои во описот на играта.
Играта ја развилло студиото Revived Games, а а ја објавува компанијата Acid. Америка во изминатиот период ја шокираа повеќе убиства во училишта.
– Одвратно е да се обидете да заработите на трагедиите кои ги погодија многу училишта во земјата – изјавил за Мајами, Хералд Рајан Пети, чија 14- годишна ќерка е убиена во пукање во училиште во Паркланд.
– Последно што ни треба е симулација на пукање во училиште – рекол Ендру Полак, чија 18- годишна ќерка е убиена.