Ми се гадите, одвратни сте ми и ви посакувам сè најлошо. На вас што крадете наши пари, наш труд, наши идеи, наше време, наша иднина. На вас кои ништо свое немате или ви се чини недоволно добро. На вас кои лажете дека сте стручни, а не сте.
На вас кои им ги крадете од подобрите работни места и вас, кои им ги крадете шансите за пристоен живот.
Мака ми е од вас, мразам сè што претставувате и сè што им правите на поединци и на сите граѓани во целина.
Вие „не сте се снашле”, вие сте украле.
Сте присвоиле нешто што им припаѓа на сите.
Со тоа се фалите, тоа ви е единствен успех во животот.
Поради вас, сè што е добро во државата е пореметено, секој кој има нешто добро да каже е замолчен и тргнат на страна, и секој чесен човек е лишен од правото на достоинствен живот.
Ве мразам, лопови, бидејки сте најлошиот талог, и газењето преку лешеви ви е нормална и секојдневна работа. Друга и немате.
Нема да ми биде воопшто жал кога вашиот лоповлук ќе ви се удри од глава, кога сами со својата неспособност ќе се откриете, а вашите заштитници ќе ви го свртат грбот.
Ве мразам и воопшто не мислам дека е тоа погрешно.
Нема да дојде по вас никаква правда, неа ја нема, ја заболе неа левото маде за група болесници, а и овие другите, кои молчејки ве поддржуваат.
По вас ќе дојдат вашите тапкачи, кога следните лопови ќе им понудат поголем залак.
Е тогаш сте готови…
(Авторот е поранешен помошник министер за внатрешни работи)