Со читање на СМС и вибер пораки, денеска во Кривичниот суд продолжи судскиот процес за 27 април. Прво беше презентирано вештачењето од мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски. Се читаа пораки испратени во периодот од 2 февруари до 12 мај 2017 година.
Од денот на упадот во Собранието беше прочитана СМС комуникација на Вељаноски со шефот на неговото обезбедување, Горан Ѓошевски, кој е обвинет во случајот.
Периодот на комуникацијата е околу 18 часот.
Вељаноски: Бидете на штрек.
Ѓошевски: Да.
Ѓошевски: Сите знаат и од МВР.
Ѓошевски: Пред сала се сите од обезбедување.
Вељаноски: Кажи им на внатрешното да влезат 2-3 внатре и да не дозволуваат да седнат на моето место.
Во судница се читаше и порака на поранешниот собраниски спикер до Никола Груевски, од 25 февруари лани, за организација на митинг на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас пак мислам дека подобро е да се одржи митингот во сабота, ќе има повеќе време за подготовка, нема да врне и до тогаш сѐ повеќе ќе се наелектирзира“, му пишал Вељаноски на Груевски.
Неговата комуникација за собири се читаше и со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија, со кого всушност беа размените најголем дел од пораките.
Вељановски добива порака од пратеникот со содржина „како е работата”, по што испраќа одговор „Се спремаме. Тврдокорни. Чекате насоки. Важно спремни”.
Подоцна истиот ден Стевананџија испраќа пораки „мора да има кредибилен лидер” и „и критична маса од ск”.
Имаше и комуникација од 27 февруари со екс министерката за внатрешни работи со која Вељановски коментира дека добро поминал собирот.
Вељаноски ѝ смс со содржина „добар беше собирот денес” и таа му враќа „да, супер изгледаше” и прашува „Миле што вика“. Јанкулоска му возвраќа дека „супер изгледало“ и оти таа порано си заминала и не чула, како што вели, финална оценка.
Меѓу комуникацијата за маршеви и собири кои се организираа пред крвавиот четврток има и таква со извесен Дејан Јабуче, така запишан во контактите на Вељаноски, кој во една во пораките му пишува на екс собранискиот спикер „утре можеби треба да одиме и до СДСМ и така исто и за герила акција да снимаме, советниците од СДСМ да ги напаѓаме“.