Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, бидејќи има имунитет вечерва го напушти Кривичниот суд во Скопје, а за медиумите не сакаше да даде изјава. Тој е дел од истрагата на обвинителството за организацијата на настаните пред и на 27 април, а е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
На новинарско прашање дали тој е меѓу организаторите тој кратко прокоментира: „Ве молам, 10 години сум бил претседател на Собрание и јас да бидам организатор? Срамота“.
Вељановски е актуелен пратеник и има пратенички имунитет, па за да се спроведе распит и потоа да има одлука дали ќе заврши во притвор или не, пратениците во Собранието треба да му го одземат имунитетот.

Во судот во тек е распитот на ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.