Вечна тема – дијалог меѓу приватниот и јавниот сектор

И покрај свесноста дека преголемата регулираност на односите во државата може да создаде лавиринт од правила во кој ретко кој може да се снајде, и покрај личниот став за потребата од дерегулација во областите каде навистина премногу правила не се потребни, сепак ценам за потребно да укажам на потребата од свртување на вниманието во уредување на односите меѓу јавниот и приватниот сектор „на хартија“.

265

Несомнено е дека коморите опстојуваат како бизнис асоцијации поради интересот на компаниите. Но, и државите опстојуваат поради интересите на бизнисот, граѓанството и институциите.

Како следбеници на континенталниот правен систем, се практикува односите во државата да се уредуваат со пропис, било да е тоа закон, подзаконски акт или договор, па можеби затоа оние области и правни односи кои не се регулирани со пропис, сметаме дека не се ни значајни. И покрај свесноста дека преголемата регулираност на односите во државата може да создаде лавиринт од правила во кој ретко кој може да се снајде, и покрај личниот став за потребата од дерегулација во областите каде навистина премногу правила не се потребни, сепак ценам за потребно да укажам на потребата од свртување на вниманието во уредување на односите меѓу јавниот и приватниот сектор „на хартија“.

Во што се состои оправданоста за ваков чекор? Во важноста секој да си го знае местото во системот. Во моментов, кога веќе имаме и спроведени научно-истражувачки анализи кои ја покажаа значајната улога на приватниот сектор во македонското општество, неговото учество во бруто домашниот производ, огромните потенцијали за развој и незанемарливата улога во вработувањето, а имаме и воспоставена основа за градење на јавно-приватниот дијалог преку склучениот меморандум за соработка меѓу Владата и бизнис заедницата организирана преку стопанските комори во државата, може лесно да се дојде до заклучок дека се созреани условите да се размислува и за склучување договор меѓу државата и приватниот сектор.

Со ваков договор прецизно ќе се дефинира каде престанува мешањето на државата во приватниот сектор; кои се обврските на приватниот сектор спрема државата и како ќе се спроведуваат тие за да бидат ставени во функција на економскиот развој. За да може успешно да го катализира комплексниот процес на достигнување повисоки стапки на економски раст, државата мора, многу порешително од кога и да е досега, да ги артикулира интересите на сите заинтересирани субјекти од кои се очекува придонес за динамизирање на економскиот развој. И токму преку договорот со приватниот сектор, ќе ги уреди значајните прашања кои ќе бидат само еден сегмент од целокупната палета на институции со кои државата треба да ги уреди односите, наместо како досега, стихијно и инцидентно да се градат таквите односи и стратешките приоритети.

Во Македонија мора да се направи договор меѓу јавниот и приватниот сектор за регулирање на односите меѓу Владата и другите државни органи, од една страна, и бизнис-заедницата, организирана и претставена преку репрезентативна и респектабилна бизнис-асоцијација, од друга страна.

Конкретна придобивка од регулирањето на односите во овој договор ќе имаат и државата и бизнис-заедницата за сите позначајни прашања, почнувајќи од обврската за консултација на бизнисот при донесување на прописите, зголемување на квалитетот и брзината на јавната администрација, поддршката и промоцијата на извозот, па се до подобрувањето на состојбите во правосудството, создавање кадар во согласност со потребите на стопанството, квалитетен економско-социјален дијалог, стратешки приоритети, индустриски политики и слично.

Заради тоа што немаме регулирани односи меѓу јавниот и приватниот сектор имаме сериозни последици на економскиот развој на земјата.

Цел на сите коморски активности е членките да направат поголем профит, да бидат што подобро промовирани, претставени и сервисирани. Наша секојдневна, основна, па дури и единствена задача е да го слушнеме претприемачот. Како организации кои најдиректно ги претставуваат бизнис-интересите на претприемачите, тие се единствено природен, незаобиколен партнер на јавниот сектор и единствено во партнерство може да ја постигнат заедничката цел – забрзан економски развој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...