Вечерва сите навиваме за Турција

396

Од натпреварот помеѓу Турција и Финска кој почнува во 20.30 часот, зависи дали македонската одбојкарска репрезентација ќе се пласира во осминафиналето на Европското првенство.

Победите над Белорусија и Словенија, на македонскиот национален тим му донесоа шест бода, и сега „црвено-жолтите“ се за чекор од пласман меѓу 16-те најдобри во Европа, што е голем успех за генерацијата предводена од капитенот Никола Ѓоргиев.

После многу математики и комбинации околу патот до четвртото место во групата (на првите три места се Русија, Словенија и Турција) кое води понатаму, сега веќе нема простор за калкулирање и јасно е: било каква победа на Турција, ја носи нашата селекција во осминафинале, а било каква победа на Финска ќе значи дека Финците ќе патуваат во Нант, а за Северна Македонија, првенството ќе заврши.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...