Вечерва прослава за поканата за НАТО и ЕУ во 15 градови

Најавено е учество на 40 уметници од земјава.

319

Во 15 градови низ Македонија вечерва ќе биде прославена поканата на земјава за НАТО и датумот за преговори за членство во Европската унија.

Прославата ја организира Владата и локалните самоуправи.

Најавено е учество на 40 уметници од земјава.

Според информацијата од Владата, тошоците за продукција и постпродукција ќе бидат обезбедени од Буџетот, а сумата ќе биде објавена по завршувањето на сите пресмети.

„Македонија заслужи да прослави и затоа ја повикуваме
опозицијата да им честита на граѓаните и да не врши притисок врз музичарите кои на најтранспарентен, чесен и професионален
начин учествуваат во прославата, врз основа на договори во кои
експлицитно е наведено дека ангажманот е за прослава по повод
поканата за Македонија за членство во НАТО со наслов: Одиме
напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, соопшти владината прес служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...