Вечерва ПичПрич на тема „Влакна“

974

Четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“, ќе се одржи вечерва во 20 часот во кино „Милениум“.

ПичПрич ја промовира женската усна историја, нормализирајќи ги женските искуства и преземајќи го јавниот простор.

Оваа година на ПичПрич настапуваат професорката и авторка Елизабета Шелева, активистката за правата на трансродовите лица и сексуалните работници Лила Милиќ, писателката и активистка Мима Симиќ од Хрватска, мировната активистка Албулена Карага, авторката и новинарка Марија Ратковиќ од Србија, како и режисерката Софија Ристевска.

ПичПрич е авторски концепт на Ана Василева и Румена Бужаровска, а се изведува во организација на Тииит!Инк, со поддршка од Фондацијата Квина тил Квина и Холандската амбасада во Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...