Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен вечерва во периодот од 18 до 23 часот поради одржување на меѓународниот фудбалски натпревар Северна Македонија – Полска на арената „Тодор Проевски“.
Периодично пренасочување на сообраќајот ќе има на булеварот „Илинден“, улицата „Аминта Трети“ и улицата „Наум Наумовски-Борче“.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.