Ветрови се закануваат дека ќе ги прошират пожарите во Калифорнија

Градските истражители за пожар соопштија дека пожарот во Гети најверојатно бил предизвикан од скршена гранка на дрво, која ветерот ја донел до далекуводи.

34
ФОТО: EPA / PETER DASILVA

Пожарникарите во јужна Калифорнија се подготвуваат за уште еден бран силен ветер од пустината Санта Ана, откако вчера, кога дувал послаб ветар,  на некои делови успеале да се справат со пожарот поради кој се евакуирани илјадници жители на Лос Анџелес во близина на музејот „Гети центар“.

Градските истражители за пожар соопштија дека пожарот во Гети најверојатно бил предизвикан од скршена гранка на дрво, која ветерот ја донел до далекуводи.

Електрична енергија се уште е исклучена поради претпазливост во околу половина милион домови и продавници во централна и северна Калифорнија.

Националната служба за временска прогноза и невреме соопшти дека има критична или екстремна опасност од пожар за повеќе од 88.000 квадратни километри и за 21 милиони луѓе во Калифорнија.

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом во понеделникот прогласи вонредна состојба во оваа американска држава, затоа што пожарите и екстремните временски услови принудија речиси 200.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

ФОТО: EPA / PETER DASILVA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...