Вестбрук со 11-ти „трипл-дабл“ по ред, Оклахома поразена од Њу Орлеанс

45
ФОТО: EPA / PETER FOLEY

Ѕвездата на Оклахома Сити, Расел Вестбрук, го забележа својот 11-ти последователен „трипл-дабл“ учинок во НБА. Тој заврши со 44 поени, 14 скока и 11 асистенции при поразот од Њу Орлеанс со 122:131.

Вестбрук го подобри своето постигнување, а претходно овој рекорд го држеше Вилт Чембрлен со девет последователни „трипл-дабл“ учиноци во сезоната 1967/68.

За Вестбрук, ова е 24-ти „трипл-дабл“ за сезоната и вкупно 128-ми во кариерата.

И покрај напорите на Вестбрук, Оклахома загуби по втор пат во последните 11 натпревари.

Џулиус Рендал заврши со 33 поени и 11 скока за Њу Орлеанс, додека ѕвездата на „пеликаните“, Ентони Дејвис, не настапи поради повреда.вз.

Резултати од НБА:

Орландо – Шарлот 127: 89
Атланта – Њујорк 91: 106
Њу Орлеанс – Оклахома Сити 131: 122

Пласман по дивизии:

Источна конференција:

Атлантска дивизија: Торонто 43 победи / 16 порази, Бостон 37/21, Филаделфија 37/21
Централна дивизија: Милвоки 43/14, Индијана 38/20, Детроит 26/30
Југоисточна дивизија: Шарлот 27/30, Мајами 26/30, Орландо 27/32

Западна конференција:

Северозападната дивизија: Денвер 39/18, Оклахома 37/20, Портланд 34/23
Пацифик дивизија: Голден Стејт 41/16, ЛА Клиперс 32/27, Сакраменто 30/27
Југозападна дивизија: Хјустон 33/24, Сан Антонио 33/26, Далас 26/31.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...