Веспрем на Манасков во финалето на ЛШ

224

Тимот на Веспрем за кој настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ќе игра во финалето на ракометната Лига на шампиони, откако денеска во полуфиналето го совлада Киелце со 33:30.

Манасков не се запиша во листата на стрелци на овој натпревар.

Тренер на унгарската екипа е Давид Дејвис кој изминатите сезони беше дел од стручниот штаб на машката и на женската екипа на Вардар.

Токму вардарци, од 18 часот во второто полуфинале на завршниот „фајнал фор“ турнир во Келн ќе се сретнат со Барселона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...