Весна Петрушевска- Бејби за лажните хуманитарци и пратеници со кожни гаќи

2617

Откако полицијата денеска објави информација за лажна хуманитарна организација на социјалните мрежи се огласи и македонската актерка Весна Петрушевска- Бејби.

„Ние сме држава каде постојат лажни хуманитарни фондации, земја кој никој за ништо не презема одговорност, градоначалник кој се фали како потрошил над 60 илјади евра на автомобил со државни пари, пратеници кои носат кожни гаќи и немаат никаква етичност па си вработуваат синови, ќерки и секако снаи, ние сме народ кој гради непотребно култ од извесна личност, ние сме земја каде политичарите нема да ти честитаат на успехот и постигнувањата, ние сме народ со кратко паметење! И се минува….fuck off! –“реагираше на својот фејсбук профил актерката Весна Петрушевска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...