Два милиони и 580 илјади денари или околу 42 илјади евра ќе треба да му исплати државата на поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, за два притвора за случајот „Пуч“ и обвинението за неовластено поседување оружје. Тој помина во затвор 11 месеци во 2015 година за овие случаи за коишто ја тужеше државата.
Судијката во денешната пресуда изјави дека Верушевски претрпел душевна болка поради неоснованото апсење и држење во притвор 344 дена, а за што бил доставен и психијатриски наод.
Кога во 2015 година почнаа да се објавуваат бомбите, Верушевски беше веднаш притворен, прво со обвинување за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиoнажа.
Верушевски, кој е и актуелен советник за безбедност во владата на Заев, бараше вкупно 71 илјади евра отштета.