Папата Франциск по посетата на куќата на Мајка Тереза се качи во папамобилот и се упати на плоштадот „Македонија“. Верници и граѓани го поздравуваа папата. Дел од тие што успеаја да го допрат се расплакаа.
Откако папата пристигна на плоштадот граѓаните го поздравуваат со развеани знамиња и со песни.