Верници од САД и од Кина дојдоа во Скопје за да го видат папата, Хрвати пеат „Алелуја“ (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

1411

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Литургијата може да ја проследат само граѓаните кои имаат влезници, а пристапните влезови во литургискиот простор кон плоштадот се отворени од 6 часот до 9 часот. Литургијата се очекува да заврши до 13 часот.

На плоштадот „Македонијa“ веќе се собираат граѓани од земјава и од странство кои ќе ја проследат литургијата. За влез на плоштадот граѓаните мора да поминат низ неколку безбедносни проверки. Полицијата им одзема на граѓаните запалки, метални монети и други предмети. Покрај големото полициско присуство има и голем број волонтери на Црвен крст.

Плоштадот речиси повеќе од половина е исполнет со граѓани. Од присутните граѓани од странство најмногубројни се тие од Хрватска, Словенија, САД и од Кина. На плоштадот се присутни и функционери како заменик министерот за економија Kире Наумов, пратеникот Владимир Ѓорчев со семејството, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари…

Гостите од Хрватска пееја „Алелуја“ придружени со гитари. Погледнете ја атмосферата на плоштадот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...