Верижен судар кај Црвен крст, сообраќајот закочен ФОТО

1129

На булеварот спроти Црвен крст во правец кон Зелен пазар, утрово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила и еден мотоциклист.

Во моментов екипа на МВР врши увид на местото на несреќата и засега нема информации дали има повредени лица кои учествувале во оваа незгода.

Сообраќајот се одвива со намален интензитет, поради увидот, а полицаец го регулира сообраќајот на крстосницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...