Американската тенисерка Венус Вилијамс се пласираше во четвртиот круг на турнирот во Индијан Велс, откако се справи со својата сонародничка Кристина Мекхејл во два сета – 6:2, 7:5.
Дуелот беше прв меѓу двете, а освоувачката на седум Гренд-слем титули израмни заостанување по брејкови и во двата сета.
– Никогаш не сум играла против неа, па морав да учам попат што треба да правам. Се чувствував удобно, кога ги контролира поените, прокоментира 38-годишната Венус, која ќе игра против Мона Бартел во следната рунда.
Бартел елиминираше Јулија Гергес со 7:5, 1:6, 6:4.
Резултати од Индијан Велс, 3 коло:
Анет Контавејт – Анастасија Севастова 5:0 и откажување
Анџелик Кербер – Наталија Вихлавцева 3:6, 6:1, 6:3
Каролина Плишкова – Исалин Бонавентура 6:3, 6:2
Мона Бартел – Џулија Гергес 7:5, 1:6, 6:4
Винус Вилијамс – Кристина Мекхејл 6:2, 7:5
Арина Сабаленка – Лесја Цуренко 6:2, 7:5
Белинда Бенчиќ – Екатерина Александрова 6:4, 6:2
Наоми Осака – Даниел Роуз Колинс 6:4, 6:2.