Американската ветеранка Винус Вилијамс загуби на стартот на турнирот во Монтереј.
Триесет и девет-годишната тенисерка загуби од бр.199 на светската ВТА листа, Словачка, Ана Шмидлова, со 6-4, 3-6, 2-6. Натпреварот во првиот круг траеше 2 часа и 29 минути. Венус направи 12 двојни грешки и реализира 8 брејка, исто колку и Шмидлова.
Словачката тенисерка во следното коло ќе игра со Мари Бозукова (Чешка), која ја совлада Словенката Кристина Кучова со 6-4, 6-2.
Напред продолжува и Американката Слоан Стивенс, кој ја елиминира нејзината сонародничка Ема Наваро со 6-4, 5-7, 6-1.