Венецуела: САД достигнаа максимално ниво на лудило

168
ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL

Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп да ги блокира сите средства на Венецуела немаат правна основа и се спротивни на меѓународното право, изјави денеска потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез.

– Овој агресивен потег против нашата земја нема меѓународна правна основа врз која може да се потпре – рече Родригез, додавајќи дека изјавата на Трамп укажува дека американската администрација достигнала „максимално ниво на лудило“.

Според неа, изјавата на Трамп дека размислува за „карантин или блокада на Венецуела“ е една од најголемите закани против државата и е против повелбата на ООН.

Пред неколку дена, Трамп потврди за медиумите дека размислува да ја блокира или изолира Венецуела. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска донесе уредба за замрзнување на сите средства на владата на Венецуела во САД.

ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...