Оваа родителска грешка ги изложува децата на смртоносна леукемија

Најчесто се појавува кај деца под четиригодишна возраст, но ги погодува и возрасните.

4923

Во истражувањето кое траело повеќе од 30 години, научниците откриле дека најчестиот облик на рак кај децата – акутната лимфобластична леукемија (АЛЛ), може да се спречи на едноставен начин.

„IFL Science“ пишува дека родителската опседнатост со чистотата и антибактериските средства би можела да има голема улога во развојот на акутна лимфобластична леукемија кај децата. Како што се наведува во студијата на професорот Мел Гравес објавена во магазинот „Нејчр“, со таквото однесување се блокира детскиот имунитет и тој не се развива нормално.

Акутната лимфобластична леукемија, попозната како АЛЛ, е облик на рак на крвта кој влијае на коскената срцевина. Најчесто се појавува кај деца под четиригодишна возраст, но ги погодува и возрасните, бидејќи повеќе од 6.000 Американци се заболени од оваа болест. За среќа, денес, над 90 отсто од децата кои страдаат од оваа болест се излекувани, но третманите се многу болни и непријатни. Веста дека оваа подмолна и смртоносна болест може да се спречи е многу важна за сите.

Околу 20 отсто деца имаат генетски предиспозиции за развој на АЛЛ, но ако нивните имунолошки системи правилно се развијат, тие никогаш нема да заболат. Меѓутоа, доколку во текот на првата година од животот не се изложени на доволно бактерии и микроби, нивниот имунолошки систем нема да се развие нормално и нема да можат да се одбранат против оваа форма на рак. Тоа е причината зошто чистотата на околината во која детето расте е директно поврзана со појавата на болеста.

Дете чиј имунолошки систем е недоволно развиен и покрај тоа има и генетски предиспозиции, може да се зарази со обична настинка од која со мутација може да се развие рак, се вели во студијата на професорот Гравес и неговиот тим.

За да го спречите вашето дете од заболување од оваа болест, како и многу други, изложувајте ги децата на различни средини и луѓе. Покрај тоа, не чистете премногу ги и не мијте ги рацете со антибактериски средства. Дозволете им да бидат во контакт со другите деца, и би било одлично и ако можете набавете некои домашно милениче за вашето дете.

Интересно е дека во помалку развиените земји каде децата се повеќе изложени на микроорганизми, не е забележан пораст на болести поврзани со слабиот имунитет како што се дијабетес тип 1 или мултипла склероза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...