Венецуела во криза, Мадуро игра салса (ВИДЕО)

196
ФОТО: EPA / MIRAFLORES PRESS / HANDOUT

Додека сите погледи на светот се вперени во Венецуела поради политичката криза и додека Вашингтон го стега обрачот околу таа земја, актуелниот претседател Николас Мадуро танцува салса.

Снимката на која Мадуро се весели со сопругата во салса-ритмот на песна посветена нему, како што наведуваат некои европски медиуми, е од крајот на февруари и веднаш стана интернет-хит.

По состанокот со претставници на рударските компании од државата, венецуелскиот претседател ги замолил музичарите кои биле повикани на тој настан, да засвират нешто за публиката. Така, тие почнаа да пејат песна со текст: „Мадуро не си оди“.

Во тој миг, Мадуро ја фати сопругата за рака и ја поведе на танц, опкружен со граѓани во карневалска облека.

ФОТО: EPA / MIRAFLORES PRESS / HANDOUT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...