Венеција речиси цела под вода ВИДЕО

665

Повеќе од 70 проценти од историскиот центар на Венеција попладнево е поплавен, кога брановите достигна 156 сантиметри.

Поради поплавите туристите се евакуирани од плоштад Сан Марко, а сообраќајот на водните таксисти беше привремено прекинат. Само превозот до поодалечените острови остана во функција.

Венеција, која е изградена на неколку острови, со високата вода се справува со подигање платформи за да им овозможи на луѓето да одат. Поединци и трговци обично ги зајакнуваат влезните врати на зградите за да спречат влегување на водата во долните катови.

Градоначалникот на Венеција Луиџи Брунаро изјави дека на дното на лагуната се изградени многу бариери за да се спречат поплавите. Имплементацијата на проектот траеше долго и беше обележана со превирања и корупциски скандали.

Прогнозите за денеска беа дека брановите ќе бидат 160 сантиметри над нултата точка на Пунта дела Салуте, на јужниот влез на Каналот Гранде и плоштадот Сан Марко. Ова ќе биде најголемата поплава во крајбрежниот град од 1979 година.

Најголемата поплава што го поплави градот во модерната ера беше во ноември 1966 година – бран од 194 сантиметри. Тогаш Фиренца беше уништена од поплави.

Во многу делови на Италија, каде што имаше поројни дождови и силни ветришта со денови, службите за цивилна заштита се постојано на терен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...