Венецијанската комисија со препораки за Законот за судски совет и Законот за судови

316

Мислењето на Венецијанската комисија кое е неодамна доставено до Министерството за правда, последните измени и дополнувања на Законот за Судски совет и Законот за судови се оценети позитивно, но се укажува и на потребата од понатамошно подобрување на текстовите на законите, соопшти министерката за правда Рената Дескоска на состанок со Венецијанската комисија: Позитивно мислење за измените на Законот за Судски совет и Законот за судови, потребни се натамошни измени и дополнувања

– Во ова мислење е наведено дека новите институционални аранжмани и процедурални правила се поедноставени и упростени и ја заштитуваат судската независност. Во Мислењето, истакнато е дека двата закони поставуваат цврсти темели за добро функционирање на судството. Воедно, се препорачува и дополнително изменување и дополнување на законите со цел нивно појаснување, па во таа насока Венецијанската комисија препорачува: Во Законот за Судски совет треба да се наведе кој ја има функцијата на филтрирање во новиот систем за дисциплински постапки. Треба да се допрецизира дисциплинската постапка и постапката за одговорност на судиите, да се прецизира разликата направена помеѓу нестручно и несовесно вршење на судиската функција и она што претставува сериозен дисциплински престап. Законот мора да нагласи дека разрешувањето на судија за професионална грешка е можно само ако се исполнат два предуслови: вината на засегнатиот судија (водејќи сметка за намерата на дејствието или очигледноста на небрежноста) и тежината на грешката и нејзините последици. Венецијанска комисија препорача и укинувањето на основот за разрешување на судиите доколку се утврди повреда на Европската конвенција за човековите права, стои во соопштението.

Министерката Дескоска изрази подготвеност на Владата за имплементација на сите препораки на Венецијанската комисија за подобрување на законските текстови и укажа на потребата од 2/3 мнозинство во Собранието за усвојување на понатамошните измени на Законот за судови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...