Венецијанската комисија објави дека Премиерот на ФИРОМ побарал мислење за законот за употребата на јазиците

1098
Photo: EPA-EFE/Georgi Licovski

Венецијанската комисија со кратка објава на својата интернет страница, официјално потврди дека е побарано мислење за Законот за употребата на јазиците, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

– Премиерот на „поранешната југословенска Република Македонија“ господинот Зоран Заев, побара мислење од Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, пишува во објавата.

Комисијата не дава никакви други објаснувања и дополнувања на оваа вест.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...