Венгер ќе бира меѓу четири понуди, но ниедна не е од Премиер лигата

100

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер ќе се врати во фудбалот за помалку од еден месец. Според „Тајмс“, Французинот има четири понуди на масата, од кои ниедна не е од клуб од Премиер лигата.

Еден предлог е од Париз Сен Жермен, но тоа е за позицијата на спортски директор. Венгер, исто така, се обидува да стане селектор на засега непозната земја. Другите два предлози се од „водечки европски клубови“. Баерн Минхен, Милан и Реал Мадрид беа поврзувани со името на Французинот во последниве неколку месеци.

Пред извесно време, Венгер изјави дека ќе се врати во својата професија по новогодишната ноќ. Ова очигледно ќе се случи со одредено задоцнување, но Французинот нема да чека до летото да започне нова работа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...