Венгер се прости од Арсенал и го доби на подарок највредниот трофеј во историјата на клубот (ВИДЕО)

Арсен за последен пат излезе на „Емирати“ и се прости од навивачите, а како награда за неговата работа и напор доби непроценлив трофеј.

537

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, како подарок за простување ќе го добие трофејот, кој клубот го освои во сезоната на „Непобедливите“.

Се работи за трофејот од сезоната 2003/04, кога тој и неговите фудбалери ја освоија титулата во Премиер Лигата без пораз во текот на целата сезона.

Арсен за последен пат излезе на „Емирати“ и се прости од навивачите, а како награда за неговата работа и напор доби непроценлив трофеј – златен пехар, специјално изработен за да ја овековечи оваа специјална сезона.

Францускиот експерт неодамна објави дека се повлекува од позиција на менаџер на „топџиите“ по 22 години на чело на тимот.

Кој ќе го наследи Венгер се уште не е познато. Од друга страна, Арсен планира да направи кратка пауза, а потоа можеби, според него, ќе преземе друг клуб.

ФОТО: видео Арсенал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...