Во организација на Велосипедската федерација на Македонијам, утре од 11 до 14 часот ќе се одржи велосипедска трка „Трофеј Кале 2018“.
Траса на движење на натпреварувачите ќе почне од улицата Самоилова (Музеј на современа уметност) долж улицата Лазар Личеноски (круг околу Скопско кале) до улицата Самоилова (Музеј на современа уметност).
Поради трката, како што информира денеска МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи-Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците што гравитираат во близина на трасата.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците.