Велосипедист и двајца пешаци повредени во вчерашните сообраќајки во Скопје

50

Еден велосипедист и двајца пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, а четири лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Полицијата од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, исклучила 13 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник, 12 возила нерегистрирани и две возила за претовар.

За непрописно паркирање се издадени 78 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 74 возила.

Евидентирани се и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, двајца возачи кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач за не користење заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 13 возачи за неносење сигурносен појас за време на управување на моторни возила и 13 возачи за користење мобилен телефон за време на управување моторни возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...