На последната седница на Советот на Општина Велес, по предлог на советничката група на СДСМ и коалицијата донесена е одлука велешкиот фудбалски стадион да се именува во „Градски стадион Зоран Паунов“, информира на денешната прес-конференија Пандорка Прличкова од советничката група на СДСМ.
Таа искажа јавна благодарност на сите велешани што дале подршка за оваа одлука.
– Велес има многу важни имиња, но капитенот на ФК „Борец“ човекот кој играше за „Пелистер“ и „Вардар“ достојно претставувајќи го Велес на домашна и меѓународна сцена, сметаме дека заслужува да биде патрон на Градскиот стадион, појасни Прличкова.