Велешанец шверцувал хероин

163

Против Л.М. (49) од Велес ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 8 мај годинава полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија, во близина на наплатната станица Петровец сопреле патничко возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од Л.М. При преглед, кај Л.М. било пронајдено полиетиленско пакување со 101,35 грама хероин.

Л.М. е лишен од слобода и со него е извршен разговор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...