Вчера околу 13.50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К.(33) од Велес, удрило во 11-годишно девојче.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во општата болница Велес.
Увид на местото извршила екипа од велешката полиција.