Седумдесет и двегодишниот Б.Ѓ.(72) од Велес починал вчера откако се лизнал додека ги полевал дрвјата во дворот и паднал од висина од околу 10 метри на задниот дел од куќите на неговите соседи.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 08.40 часот, а се случил на улица „Богдан Прличков“ во Велес.
– Екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници го извадиле Б.Ѓ. од непристапниот терен, по што со возилото на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, каде била констатирана смрт, наведуваат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.