На клучката Марвинци, гевгелиско, вчера во 18.20 часот полициски службеници пронашле 27 мигранти во товарно возило „VW LT 35“ со кумановски регистарски ознаки. Возачот Д.Р.(31) од Велес е приведен поради сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите се предадени во Прифатниот центар Гевгелија, информираа од полицијата.