Веганка неодамна се нашла во непријатна ситуација кога, во склоп на околности изела месо без нејзино знаење.
Имено, 24-годишната девојка, која е веганка последните десет години, а месо не јадела уште од својата три-годишна возраст кога открило од каде потекнува, се нашло во невообичаена ситуација.
Како што напишала на популарната веб-страница Редит, нејзините пријатели ја хранеле со пилешко. И тоа додека таа била пијана, несвесна за состојбата во која се наоѓала.
Нејзиното веганство не е тајна и, како што вели, мислела дека пријателите го почитуваат нејзиниот избор. Но, пред неколку дена нејзините пријатели помислиле дека би било смешно ако ѝ подвалат месо.
„Сето тоа го открив следниот ден кога сестра ми ми прати порака да погледнам видео на Снепчет. Во него тие покажале пакување со пилешки медаљони, а потоа како ми ги даваат да ги јадам“, напишала таа, откривајќи дека дури и во видео-снимката се слушна дека таа ги прашува дали се тоа вегански медаљони, а тие ја убедуваат дека се.
Таа одлучи видео-снимката како доказ да ја однесе во полиција и да ги пријави тројцата пријатели.
Како што вели таа, повеќето луѓе мислат дека нејзината реакција е претерана и дека тоа е само шега, па таа решила да провери што мислат другите за оваа ситуација.
Повеќето се согласуваат дека нејзината реакција е оправдана, и сите се согласуваат околу тоа дека овие луѓе сосема сигурно не ѝ се вистински пријатели.
„Импресионирана сум и некако мислам дека е одлично што отиде во полиција и што тие го сфатија сето тоа сериозно“, напишал еден корисник на оваа страница.
Друг додал дека не станува збор само за храна, туку и за снимањето на видео-снимка, како и за јавно исмејување.