Валон Беља од ДУИ е новиот економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Од Министерството за здравство потврдија дека Беља е новиот организациски директор на Клиниката за гинекологија.
Дознаваме дека Беља вчера ненадејно попладнето се појавил на Гинекологија каде им било соопштено дека ќе биде новиот економски директор.
Беља беше член на невладината организација Реалитети, а во 2010 година ја основа партијата Албански сојуз. Партијата подоцна се припои кон ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше потпретседател. Набрзо избија несогласувања помеѓу него и Тачи и лидерот на ДПА го исклучи од партијата. Беља пак бараше смена на Тачи од лидерската позиција.
Беља по ова премина во владеачката ДУИ. Во јавноста остана запаметен настанот кога во 2016 година, Беља преку закана со куршум во салфетка кој го остави во канцеларијата на тогашниот градоначалник на Чаир Изет Меџити, бараше за себе подобра функција.
Општина Чаир го пријави инцидентот во МВР, но до денеска тој нема разрешница.