Вајнстин прогласен за виновен за силување, со лисици на рацете спроведен во затвор

Тој е осуден по обвинението за сексуален напад во 2006 година и за силување во 2013 година.

763

Американскиот филмски продуцент Харви Вајнстин е осуден за силување и сексуален напад врз две жени, по што веднаш со лисици на рацете беше однесен во затвор.

Вајнстин (67) имал резигниран израз на лицето кога ја слушнал пресудата поради која може да добие казна затвор до 29 години.

Тој е осуден по обвинението за сексуален напад во 2006 година и за силување во 2013 година. Осуден е по помали обвиненија за силување од трет степен и сексуално кривично дело од прв степен.

На поротата на Врховниот суд во Њујорк со седум мажи и пет жени ѝ требаше пет дена за да донесе пресуда. За ова кривично дело затворската казна е од пет до максимум 25 години затвор.

Поротата, сепак, го прогласи за невин за најтешките точки од обвинението против него, за две кривични дела – предаторски сексуален напад, за кој е предвидена казна доживотен затвор и силување од прв степен.

Должината на казната која е одредена за Вајнстин не е веднаш соопштена, изрекувањето на пресудата е закажано за 11 март. Судијата Џејмс Бурк, веднаш откако е изречена пресудата, побарал Вајнстин да биде спроведен во затвор.

Тој допрва треба да се соочи со обвинувањата за силување и сексуален напад врз две жени во 2013 година.

Меѓу оние кои сведочеа беа и продуцентката Мими Хејли и актерката Анабела Скиора, која се прослави во серијата „Сопранови“. Самиот Вајнстин не сведочеше, додека неговите адвокати тврдеа дека секој сексуален контакт за кој го обвинуваат бил со одобрение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...