Вајгл: Посебно признание за пратениците од опозицијата

Во следните недели и месеци ќе биде важно политичките лидери во Македонија одлучно да тргнат по патот на помирувањето, и интересите на партиите да и се подредат на заедничката цел - членство во евроатлантските сојузи

557
ФОТО: EPA/JENS SCHLUETER

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, го поздрави единството на македонското Собрание кое го отвора патот кон ЕУ и НАТО.

Вајгл истакна дека несомнено патот до одлуката на членовите на Собранието беше „драматична“ и „тесна“, но дека со неа пратениците ги „заштитија виталните интересите на граѓаните на Македонија“.

„Посебно признание оди за претставниците од опозицијата кои преземаа одговорност и кои, покрај притисоците и заканите на нивната партија, ја поддржаа европската и евроатлантската иднина на својата држава“, напиша Вајгл.

Известувачот потсетува дека пет години по ред ја поддржува Македонија и смета дека како земја членка на ЕУ таа ќе придонесе за стабилноста на југоисточна Европа.

– Во следните недели и месеци ќе биде важно полиитчките лидери во Македонија одлучно да тргнат по патот на помирувањето, и интересите на партиите да и се подредат на заедничката цел – членство во евроатлантските сојузи – вели Вајгл во честитката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...