Вајгл: Отворен патот за членство во ЕУ и НАТО

102
ФОТО: EPA/JENS SCHLUETER

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл поздравувајќи го договорот постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас истакнува дека се отвара патот за членство на Македонија (Република Северна Македонија) во ЕУ и НАТО.

– Договорот постигнат од страна на двајцата премиери на двете соседни држави Грција и Македонија го отвора патот за подобрени и попродуктивни односи и дава суштински придонес за стабилноста во Југоисточна Европа. Преговарачите на двете страни и медијаторот на ОН, заедно со претставниците на ЕУ заслужуваат признание за постигнување на целта. Со договор за името, вратата е отворена сега за Македонија (Република Северна Македонија) да добие полноправно членство за ЕУ и НАТО. Членките на ЕУ и НАТО треба да го поздрават договорот како шанса за продолжување на процесот на проширување кон сите земји од Југоисточна Европа – вели Вајгл.

Според него, сега е клучно договорот да биде поддржан од широко мнозинство на политичките партии и населението од двете држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...