„Вашингтон пост“: Тромеѓето на Грција, Македонија и Албанија, симболично место за потпишување на договорот

„Лидерите на двете земји укажаа дека овој чекор одбележува почеток на поблиски и пријателски односи и е пример за сите балкански народи. Договорот исто така е можност за Македонија да се приклучи на НАТО е ЕУ“, наведува весникот.

351

Грција и Македонија потпишаа договор кој ако биде ратификуван, ќе го реши деценискиот спор за името на Македонија, oбјави денеска „Вашингтон пост“.

Весникот истакнува дека тромеѓето што ги дели Грција, Македонија и Албанија, селото Псарадес на Преспанско Езеро од грчка страна, е симболично место избрано за потпишување на договорот според кој северниот сосед на Грција ќе биде преименуван во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од САД.

„Лидерите на двете земји укажаа дека овој чекор одбележува почеток на поблиски и пријателски односи и е пример за сите балкански народи. Договорот исто така е можност за Македонија да се приклучи на НАТО е ЕУ“, наведува весникот.

За време на церемонијата на потпишувањето, на кое присуствувале високиот претставник за надворешна политка на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, како и министрите за надворешни работи на двете земји и медијаторот од ОН во преговорите, Метју Нимиц, недалеку од Псарадес се одвивале насилни протести.

Споед весникот, полицијата ги блокирала сите приоди до селото да спречи демонстрантите да дојдат до местото.

„Над 4.000 Грци се собраа во близина на Писадори, село оддалечено 40 километри, додека неколку стотици се приближиле до најблиската блокада и почнале да фрлаат камења. Полицијата возвратила со солзавец и шок бомби“, објави „Вашингтон пост“.

Додава дека и македонските националисти кои се против договорот планирале протест во Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...