„Поретко, да не кажам воопшто, за инвитрото не сакаат да зборуваат девојки и жени како мене, кои сами, по пат на купена сперма се одлучиле да го направат процесот на оплодување. Дури кога зборувам за ова, често ми велат: ‘ќути, не зборувај, знаеш какви се луѓето’!
Искрено, тоа замолчување ме иритираше повеќе отколку целиот процес. Јас сум јавна личност на возраст од 48 години, ин витрото ми успеа од третиот обид и не можам да лажам и да се преправам дека бременоста се случила по природен пат или да измислувам дека постоел некој партнер. Ние сме мала средина, сѐ се знае и се дознава, особено откако ќе поминеш низ толку институции и перипетии низ колку што поминав јас и откако ќе потпишеш толку документи колку што потпишав. И на сите со кои говорев на оваа тема им беше чудно колку сум отворена за разговор, па имав чувство дека ме слушаа со недоверба и дека повеќе ќе ми веруваа ако ги лажев. Секогаш велев и сѐ уште велам, за кариера и за љубов секогаш има време, но за да се создаде едно слатко битие, за жал, жената е ограничена, па макар и со сите најнови методи, не секогаш и кај секого успева.Треба многу трпение и упорност“, ја почнува својата приказна нашата соговорничка и новопечена мајка Васка Леонтиќ, во јавноста позната како стилист, едукатор, основач и директор на приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ и сопственичка на Студио Леонтиќ.
Васка Леонтиќ повеќе од две децении успешно ја гради својата кариера во козметичката индустрија и доследно ги следи и ги применува сите нови и модерни текови, новитети и алатки на работа. Иако со веќе сериозно искуство зад себе, не запира ниту во сопственото едуцирање. Постојано е во тек со европските проекти, професионално се надоградува по светски трендови и неуморно ја издигнува својата експертиза на највисоко ниво, следејќи обуки, семинари, презентации и саеми на модата за фризери, козметичари и шминкери во светските модни центри. Иако многумина ѝ велеле дека покрај ваква кариера, не ѝ треба тој „луксуз“ да станува и мајка, истрајала во својата долготрајна и макотрпна борба и на 4.април ја родила својата ќеркичка Анна Портија Бјанка Леонтиќ.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.