Василевска: Признава ли Рашковски во „бомбата“ дека набавката е криминална?

324

Драги Рашковски повторно е фатен во огромен скандал. Рашковски, иако знае дека не смее да разговара со „Леонардо“ пред да биде доделена понудата наложува да се разговара со фирмата спротивно на законот, што може да се види и да се слушне од објавените аудио материјали, реагира Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено ќе разговараш за цената, а нема да разговараш за концептот“ – му наредува Рашковски на Климент Чепуњовски, стои во новата аудио снимка објавена во медиумите за набавка на 7 милионскиот АТМ систем за потребите на М-НАВ. Што е тоа што во концептот е фиксирано, за кое не смее да се преговара?  Дали нешто е однапред договорено од страна на Рашковски? Според објавеното во медиумите Драги Рашковски усно му наредува на Чепуњовски да одлучи во врска со случајот. Според слушнатото од аудио разговорот се наметнува уште едно прашање, што е предмет на истрага, а го прават лицата кои се предмет на аудио снимката? Признава ли Рашковски директно дека набавката е криминална и може да биде предмет на истрага? Сметаме дека е крајно време е Јавното обвинителство да се заинтересира за овој случај со 7 милионската аванта која Драги Рашковски по насока од страна на Зоран Заев ја договара со фирмата „Леонардо“ –  рече таа.

Василевска смета дека Јавното обвинителство треба да превземе итни и неодложни мерки за обезбедување присуство, како што е определување на мерката – притвор, со што ќе се спречи можноста Рашковски да се впушти во бегство, да го повтори делото или да влијае на сведоци, бидејќи за делото кое може да му се стави на товар е предвидена казна затвор од најмалку 5 години“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...