Василевска бара притвор за Рашковски за да не избега

2751

Јавното обвинителство под контрола на Зоран  Заев  трет ден молчи во врска со сомнежите и доказите излезени во јавноста за 7 милионскиот  криминал сторен од страна на Драги Рашковски при набавка на систем за летање, обвини Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Информациите кои излегоа во медиумите укажуваат дека Рашковски доделува тендер на италијанската компанија „Леонардо“ за набавка на систем за управување со  воздушниот простор  во вредност од 7 милиони евра, иако важноста на тендерската документација е истечена, спротивно на заклучокот на владата, како и во спротивност со одредени законски решенија, за кои како што се вели во снимките требало да бидат сменети – вели Василевска.

Според неа, постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кое му  се заканува казна затвор од најмалку 5 години. Таа бара Јавното обвинителство да се ослободи од притисокот на Зоран Заев и да поведе постапка за расчистување на овој случај во кој постојат сериозни индиции дека е оштетен Буџетот на Република Македонија.

– Со цел непречено одвивање на истрагата потребно е Јавното обвинителство веднаш и неодложно да побара определување на мерка притвор за Драги Рашковски и другите вмешани со цел непречено одвивање на истрагата. Јавното обвинителство треба да побара притвор затоа што постојат сериозни можности Рашковски  од позицијата на генерален секретар на Владата да влијае врз текот на постапката, сведоците, вештаците, соучесниците и прикривачите. Имајќи во предвид  дека се работи за државен функционер од висок ранг. кој има сериозен број на контакти во земјава и странство  можно е и бегство на истиот – вели Василевска и додава дека дополнително Јавното обвинителство треба да побара мерка притвор затоа што постојат оправдани сомнежи дека Рашковски може да го продолжи кривичното дело и да стори ново дело, особено ако се земат во предвид обвинувањата на поранешниот директор на Клинички центар Скопје, Ваљон Беља кој тврди дека Рашковски бил вмешан и во местење тендери и земање провизии и од тендери во министерството за здравство.

Таа бара Јавното обвинителство веднаш да се позанимава со овој функционер, десна рака на Заев и да ги истражи како овие, така и други случаи во кои е вмешан Рашковски. ВМРО-ДПМНЕ му ги поднесе денес материјал на Републичкиот Јавен обвинител, и доколку тој не ги има видено од медиумите, може да биде запознаен со случајот  денес.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...