ВАР-системот ќе се воведе на овогодинешното СП во фудбал за жени

108

Откако беше воведен минатото лето на СП во фудбал во Русија, ВАР системот сега се воведува и на овогодинешното СП во фудбал за жени.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди денеска дека тој систем ќе се користи на СП за жени што оваа година ќе се одржи во Франција.

Во моментов, ВАР-системот се користи во многу професионални машки лиги од целиот свет, но не и во женски лиги.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...