Вархеји: Преговорите со Северна Македонија може да почнат за неколку недели

653

Европската Унија може да отвори преговори со Северна Македонија и Албанија за неколку седмици, бидејќи двете држави направија напредок во нивните подготовки за членство, изјави денеска во Прага еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Вархеји рече дека извештајот на Европската комисија за двете земји, што треба да биде објавен наредната седмица, е охрабрувачки.

– Има сериозен напредок во двете земји. Многу сум охрабрен од фактот што двете земји одлучија да ги забрзаат нивните подготовки – рече Вархеји по средбата на шефовите на дипломатиите од земјите од Вишеградската група (V4) и од земјите од Западен Балкан (WB6) во Прага.

Тој истакна дека со извештајот се надева дека ќе ги убеди земјите-членки дека двете земји се подготвени, и самите земји-членки треба да бидат подготвени да отворат преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Многу се надевам дека ќе почнат преговорите со Северна Македонија и Албанија во следните неколку недели – додаде еврокомесарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...